Еден од најдобрите играчи на Челзи, Еден Азар наводно има еден услов кој би го натерало да остане во тимот и следната сезона, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И покрај интересот од страна на Реал Мадрид, репрезентативецот на Белгија е подготвен да остане на „Стемфорд Бриџ“ доколку тимот во летниот период се засили со двајца играчи од светска класа, со што би биле во конкуренција за освојување на Лигата на Шампионите.
Азар е примарна трансфер цел на Реал Мадрид, но медиумите тврдат дека Белгиецот е спремен да го одбие „кралскиот“ клуб доколку Челзи му покаже дека има сериозни амбиции за атак на титулата во Лигата на Шампионите.
Договорот на Азар со Челзи истекува во 2020 година, а „сините“ се спремни да направат се за да го задржат Белгиецот на „Стенфорд Бриџ“.