Дома Фудбал Англија Додека Арсенал спрема дочек за Алегри, Венгер прави милионски „дил“ во Франција

Додека Арсенал спрема дочек за Алегри, Венгер прави милионски „дил“ во Франција

Се поизвесно е дека легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на „топџиите“ после повеќе од 20 години. Како главен кандидат за негов наследник се споменува стратегот на Јувентус, Масимилиано Алегри.

Арсен Венгер во последно време го загуби компасот во водењето на својот тим, па ја загуби и довербата од навивачите. После дваесет и една година на кормилото на Арсенал, по се изгледа дека дојде време за разделба помеѓу Французинот и „топџиите“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Како негов наследник најчесто се споменува актуелниот тренер на Јувентус, Макс Алегри. Иако раководството на „старата дама“ го негираше тоа, англиските медиуми се сигурни во неговото доаѓање на „Емирати“.

Иако многумина се уверени дека Венгер после напуштањето на Арсенал ќе замине во фудбалска пензија, сепак денес пристигна информација за негов ангажман во Франција.

Имено, „Скај Спорт“ известува дека искусниот стратег започнал преговори со ПСЖ и дека францускиот клуб му нуди исклучително богат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави снимка: Романци и Албанци се тепале на „Камп Ноу“ 🎥

Во овој момент скоро 2.000 работници работат на реновирање на „Камп Ноу“, а пред неколку д…