Дома Топ вести Сапуницата се завршува: Сане во најголем трансфер во историјата на Бундес лигата пристигнува во Баерн!

Сапуницата се завршува: Сане во најголем трансфер во историјата на Бундес лигата пристигнува во Баерн!

После три години поминати во Манчестер Сити германскиот репрезентативец би требало да се придружи на Баерн.

„Франс Фудбал“ објави дека Сане за 110 милиони евра ќе стане нов играч на Баерн Минхен и тоа значи дека ќе биде рекорден трансфер во историјата на Бундес лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сапуницата така конечно ќе заврши. Со месеци се пишуваше за Сане и трансферот во редовите на германскиот шампион, но сега судејќи според се доаѓа крајот на оваа сапуница.

24 годишниот фудбалер беше голема желба на Баерн откако заминаа Робен и Рибери, а Сити очигледно на крајот одлучил да го пушти.

Така „граѓаните“ ќе заработат 110 милиони евра, а Сане ќе биде најплатен играч во Бундес лигата со бруто годишна плата од 18 милиони евра. Во овој момент најплатен играч во Бундес лигата е Левандовски со плата 16 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…