Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе: Чест е да се игра против Буфон, но сакам да го победам!

Мбапе: Чест е да се игра против Буфон, но сакам да го победам!

Најпријатно изненадување оваа сезона во Лигата на шампиони е секако тимот на Монако, кој во полуфиналето ќе ги одмери силите со италијанскиот шампион Јувентус.

Најголемата ѕвезда на тимот од „кнежевството“, Килијан Мбапе е среќен што ќе има можност да игра против легендарниот Буфон, но вели дека сака да излезе како победник од овој дуел.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Буфон? Тој е пример за еден фудбалер. Тој е голман го испиша историја во оваа игра и сигурно е еден од најдобрите во историјата. Навистина сум горд што ќе се натпреварува против него. Како играч секогаш работиш да се натпреваруваш против најдобрите, а токму Буфон е еден од нив. Кога ќе се најдете во таква ситуација, дефинитивно посакувате да го победите“, истакна 18-годишниот Французин.

Буфон успеа да ја сочува мрежата против Меси и компанија, а дали тоа ќе му успее против Мбапе, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…