Дома Фудбал Останато Ибра успешно опериран, еве кога се враќа на терените!

Ибра успешно опериран, еве кога се враќа на терените!

Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола потврди дека напаѓачот е успешно опериран во САД и откри кога повторно ќе се врати на фудбалските терени.

Откако ги повреди лигаментите на коленото светските медиуми шпекулираа дека тоа ќе биде крај на кариерата за 35-годишниот напаѓач.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, Ибрахимовиќ не се предава и најави сигурно враќање на терените после периодот за рехабилитација.

„Тоа не е повреда поради која би можел да ја заврши кариерата. Операцијата е успешно извршена во САД. Златан веќе ја започна рехабилитацијата и сигурно ќе се врати на терените“, изјави Мино Раиола.

Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 46 натпревари за Јунајтед на кои постигна 28 гола, а медумите тврдат дека на терените ќе се врати во декември оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо песимист: “Мораме да бидеме реални…”

Баер Леверкузен ги изненади своите навивачи во недела, откако одигра само 1:1 против Санкт…