Дома Фудбал Англија Конте: Не знам дали Азар ќе остане!

Конте: Не знам дали Азар ќе остане!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте не може да гарантира дека најголемата ѕвезда на „сините“, Еден Азар ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и следната сезона.

Азар повторно оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата и се погласни се шпекулациите дека на лето би можел да се пресели во Реал Мадрид.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Мислам дека е невозможно да ја превземам одговорноста – не само за Азар, туку за било кој друг играч. Во такви ситуации клубот ја носи конечната одлука. Нашата идеја не е да го продадеме Азар туку да го засилиме тимот, но многу важна е и желбата на играчот. Јас немам кристална топка и не знам што ќе се случи во иднина“, изјави Конте.

„Се е можно во фудбалот. Мислам дека Еден е среќен со нас и дека е среќен во Лондон. Навивачите го сакат и постојат многу позитивни работи кои можат да влијаат тој да остане и да го достигне највисокото ниво со овој клуб. Не заборавајте, нашата цел е да го освоиме секое натпреварување во кое учествуваме“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ветеранот на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

Дани Карвахал му недостасуваше на Реал Мадрид можеби повеќе од било кога, што се забележа …