Дома Останати Тенис Тениската легенда: Федерер изгуби поради правило кое нема смисла

Тениската легенда: Федерер изгуби поради правило кое нема смисла

За прв пат во историјата на Вимблдон во машка конкуренција беше одигран тај-брејк во петиот сет при резултат 12:12.

Историскиот тај-брејк му припадна на Ѓоковиќ кој така го освои Вимблдон против Федерер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина сметаат дека е грешка што организаторите на третиот грен слем одлучиле да ги променат правилата и место досегашното играње на разлика во два гејма да се оди во тај-брејк кога ќе биде 12:12. Еден од критичарите на ова правило беше легендарниот Швеѓанец, Матс Вајландер.

„Тај-брејк при 12:12 нема никаква смисла, Секако, што повеќе драма толку подобро е за гледачите, но тогаш мораше да се игра и тај-брек и на 6:6. Мислам дека во финалето петиот сет требаше да се игра како и порано. Федерер очигледно е подобар по старите правила. Според мене ваквото ново правило нема смисла“, порача Вајландер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …