Тимот на Реал Мадрид со победата над Депортиво од 6:2 го оствари 12-от триумф на 13 одиграни натпревари без Кристиано Роналдо оваа сезона.
Екипата предводена од Зинедин Зидан оваа сезона игра зачудувачки добро кога најдобриот фудбалер на светот не е на терен. „Кралскиот“ клуб постигна дури 49 гола без својот најдобар стрелец, што значи дека во просек постигнува четири гола кога Португалецот не е на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристиано оваа сезона идигра 37 официјални натпревари, од кои 25 во Примера и за разлика од претходните години постигна „само“ 19 гола во првенството, додека во Лига на шампиони на своето конто има седум погодоци, од кои пет против Баерн во четвртфиналето.
Реал Мадрид претходните сезони се мачеше без Португалецот на терен, меѓутоа оваа сезона тимот на Зидан игра многу поубав и поубедлив фудбал кога него го нема во тимот.
Real Madrid without Cristiano Ronaldo this season:
• 13 Games ?
• 12 Wins ✅
• 1 Draw
• 49 Goals ⚽️ #HalaMadrid pic.twitter.com/AwjUESubnt— TheCRonaldoFan (@TheCRonaldoFan) April 26, 2017