Роџер Федер експресно го обезбеди своето место во четвртфиналето на Вимблдон.
Швајцарецот со 3:0 во сетови 6:1, 6:2, 6:2 беше подобар од 20-тиот играч во светот Италијанецот Матео Бертинели.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Федерер во првиот сет до брејк стигна до резултат 2:1, а потоа ја потврди предност до крајот на сетот гледавме доминација бидејќи Роџер го доби со убедливи 6:1.
Ниту во другиот сет ситуацијата за Италијанецот не беше подобра, Федерер освои два брејка при резултат 2:1 и 4:2 и го доби сетот со 6:2.
Третиот сет беше можеби најлош за Бертинели, Федерер направи два брејка и поведе со 4:0. Во продолжение Италијанецот освои само два гема и третиот тенисер во светот го освои сетот со 6:2.
Во четвртфиналето Федерер ќе игра против Кеи Нишикори.