Дома Останати Тенис Првиот ден на Вимблдон донесе потоп за фаворитите: Зверев елиминран од тенисер кој не е во топ 100!

Првиот ден на Вимблдон донесе потоп за фаворитите: Зверев елиминран од тенисер кој не е во топ 100!

Освен изненадувања во женска конкуренција каде што беше елиминирана втората носителка Наоми Осака, изненадувања видовме и во машка конкуренција.

Шестиот носител на Вимблдон и петти играч на АТП листата Александар Зверев сензационално испадна во првото коло.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Германецот изгуби со 4:6, 6:3, 6:2 и 7:5 од Чехот, Јири Весели кој е 124-ти на АТП листата.

Работата добро тргна за Заверев кој направи брејк во првиот сет, а проблемите се појавија во вториот кога во седмиот гем изгуби сервис, па подоцна и уште еднаш за изедначување на 1:1 во сетови. Шокираниот Зверев на почетокот на третиот сет го изгуби и третиот сервис гем во низа, н при водство на Весели од 4:2 имаше голема прилика. Германецот стигна до 0:40, но Весели ги спаси сите три брејк топки и направиј брејк за6:2. Имаше Зверев 15:40 и уште една брејк топка при резултат 2:2 во четвртиот сет, но Чехот и тоа го спаси и дојде до брејк за конечни 7:5.

Сензација направи и Италијанецот Томас Фабиано кој во пет сетови го елиминираше Стефанос Циципас (6:4, 3:6, 6:4, 6:7, 6:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…