Дома Фудбал Репрезентации Луис Енрике се огласи преку писмо!

Луис Енрике се огласи преку писмо!

Шпанија доби нов селектор, Роберт Морено, досегашниот помошник на Луис Енерике си замина од функцијата селектор од приватни причини кои го мачат уште од март оваа година.

Енрике не се појави пред медиумите, веста ја соопшти претседателот на сојузот. Енрике се огласи во јавноста со проштално писмо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Поради причини кои ме спречија нормално да ја вршам работата од март до денес одлучив да ја напуштам селекторската позиција. Му благодарам на сојузот за довербата и разбирањето. Посебно им се заблагодарувам на сите во репрезентацијата поради професионалноста. Не заборавам да им се заблагодарам и на медиумите за почитување на ситуацијата. Ви благодарам од срце“, гласи писмото на Енрике.

Целиот случај и понатаму е мистериозен и така ќе остане бидејќи сите медиуми, посебно шпанските не сакаат да ја прекршуваат желбата на поранешниот селектор и не се обидуваат да откријат нешто повеќе.

Поради таквата ситуација се додека Енрике не се одлучи да зборува, ако воопшто некогаш се реши на такво нешто не може да се каже ништо повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…