Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике е дежурен критичар на Реал Мадрид, па не пропушти шанса да се огласи и после пласманот на „кралевите“ во полуфиналето од ЛШ.
Пике синоќа на Твитер остави чуден коментар по повод судиските грешки во реваншот помеѓу Реал и Баерн, а одговор од Мадрид стигна веднаш и тоа очекувано од Серхио Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пике прво нека го преиспита мечот со ПСЖ. Можеби ќе го промени мислењето за судиите. Прво да почекаме да видиме што ќе направи Барселона во реваншот против Јувентус“, изјави Рамос.
Капитенот на „кралевите“ не сака многу да зборува за тоа дали Реал може да ја одбрани титулата.
„Премногу е рано. До сега стигнавме само до полуфиналето. Јасно е дека сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони, па затоа сум многу задоволен што го елиминиравме Баерн, еден од главните конкуренти“, заклучи Рамос.