Само неколку дена откако во јавност излегоа платите на играчите на Реал Мадрид, денес шпанските медиуми ги објавија деталите на сите играчи со професионални договори во Барселона.
Триото Меси – Суарез – Нејмар очекувано е најплатено и неделно заедно заработува околу еден милион евра. Лионел Меси заработува 430 илјади евра неделно, што е 22,3 милиони евра годишно. Зад него по висина на плата е Нејмар со 342 илјади евра неделно (околу 18 милиони евра годишно) и потоа следи Луис Суарез со 283 илјади неделно (околу 15 милиони евра годишно).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зад оваа тројка е Андрес Иниеста со 195 илјади евра неделно, или нешто повеќе од 9 милиони евра годишно, па Серхио Бускетс со 170 илјади евра неделно и стоперската двојка Хавиер Маскерано и Жерард Пике со по 153 илјади евра неделно, или околу 7 милиони евра годишно.
Интересно е дека Иван Ракитиќ е во долниот дел. Тој заработува исто колку и Сержи Роберто и Андре Гомеш, односно околу 80.000 евра неделно.
Најмала плата во првиот тим на Барселона има третио голман Жорди Масип кој неделно добива околу 20.000 евра. Следува Рафиња (44.000), како и Умтити и Денис Суарез кои неделно инкасираат по 47.000 евра.
Лукас Дињ и резервниот голман Силесен заработуваат по 65.000 евра неделно, а потоа доаѓа класата во која се Видал и Тер Штеген со примања од по 70.000 евра.