Во Шпанија денес се појавуваа по малку скандалозни информации кои ако се точни може да и донесат проблеми на Барселона.
Шпанскиот медиум, „Ел Ларгуеро“ тврди дека Барселона го завршила трансферот на Антоан Гризман уште во март. Тие убедуваат дека нивните информации не се само зборови, туку и дека поседуваат документи кои тоа го докажуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истиот медиум пишува дека Барселона и Атлетико преговорите ги започнале во септември минатата години и дека договорот бил постигна во март кога според нив бил потпишан договорот чии детали наскоро ќе бидат објавени.
?? NOTICIA SER | Informa @ManuCarreno
Griezmann y el Barcelona alcanzaron el acuerdo para que el francés sea jugador del Barça en MARZO
Según ha podido saber @ElLarguero hay pruebas documentales que demostrarían que desde noviembre Griezmann ha estado negociando con el Barça pic.twitter.com/cf9V2NzaOs
— El Larguero (@ellarguero) May 30, 2019
Трансферот бил договорен кога Атлетико го играл двомечот со Јувентус после кој „јорганџиите“ беа исфрлени од Лигата на шампионите, тоа воедно бил моментот кога Гризман одлучил дека е време да замине.
Вчера во некои шпански медиуми се пишува нешто целосно спротивно, а тоа дека Барселона се откажала од Гризман и поради тоа овие тврдења кои се пласирани денес во јавноста се изненадување.
Едни тврдат дека Барселона се откажала, а други дека Гризман веќе може да се смета за играч на Барселона каде што ќе пристигне на 1-ви јули кога на сила стапува клазулата според која некој клуб може да го купи за 120 милиони евра.
Останува времето да покаже кој е во право.