Пари Сен Жермен оваа сезона ја освои титулата шампион во Франција, но тоа е се што успеаа да направат и е премалку ако се погледнат потрошените пари и амбициите на клубот.
Клубот од Париз беше елиминиран од Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и тоа откако во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ победија со 2:0, во реваншот во Париз Јунајтед ги изненади „светците“ и ги победи со 1:3 и така го елиминираа францускиот шампион. Во Лига Купот испаднаа од фенерџијата Гуингамп, а капката која ја прелила чашата бил поразот од Рен во финалето од Купот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Француските медиуми пишуваат дека сопственикот на Клубот, Насер Ал Келаифи бил многу лут после поразот од Рен во финалето.
Тухел после тој пораз не сакаше премногу да зборува.
„Не знам што да кажам. Ќе морам да размислам во идните неколку денови“, порача тогаш Тухел.
Француските медиуми пишуваат дека Тухел веројатно ќе добие уште еднаш шанса и дека германскиот стратег спрема чистка во соблекувалната. Катарецот јасно му порачал на Тухел дека ќе продолжи да вложува што значи дека можеме да очекуваме голем шопинг од ПСЖ ова лето.
Секако, Тухел не сака да се ослободи од клучните играчи како Нејмар и Мбапе, но според француските медиуми на неговата листа се наоѓаат неколку познати имиња.
Листата ја предводат Кавани и Дракслер, а ПСЖ ќе се обиде да се ослободи и од Муниер, Нкунку, Чупо Мотинг, Нсоки, Курзава, Дибаби и Кимпембе.
Tuchel and Henrique agree on who should be leaving PSG except for Draxler, the players on the market are Meunier, Nkunku, Cavani, Choupo Moting, Nsoki, Kurzawa, Diaby and Kimpembe who will be sold if interesting offers are made for them. interest in Lozano as Draxler replacement
— TheRenderNHL (@TheRenderNHL) May 13, 2019