Дома Фудбал Бразилецот го чека жестока казна – Барса без Нејмар на Бернабеу!?

Бразилецот го чека жестока казна – Барса без Нејмар на Бернабеу!?

Барселона би можела да биде значително ослабена за „Ел Класико“, бидејќи на Нејмар му се закануваат два-три натпревари суспензија.

Нејмар беше исклучен на натпреварот против Малага минатиот викенд, поради што сигурно нема да игра на следниот натпревар протв Реал Сосиедад. Меѓутоа Бразилецот при напуштањето на теренот саркастично му аплаудираше на четвртиот судија, а главниот судија Хесус Хал тоа го евидентираше.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според правилникот на Лигата доколку играч изрази непочитување према судијата или официјалните лица, може да биде казнет со два до три натпревари, или еден месец неиграње.

Барса после дуелот со Сосиедад игра токму со Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“, па многу веројатно е дека ќе биде без клучниот играч во одлучувачкиот натпревар сезонава.
Седум кола пред крајот Барса заостанува три бода зад Реал, кој има и натпревар помалку од Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство по…