Дома Фудбал Иско испрати порака преку Твитер и предизвика земјотрес во Шпанија!

Иско испрати порака преку Твитер и предизвика земјотрес во Шпанија!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско додатно ја вжешти атмосферата пред „Ел Класико“, откако со својот пост предизвика бура на социјалните мрежи.

Се шпекулира дека Каталонците сакаат да го ангажираат Иско и му нудат бонус од 20 милиони евра за да не го продолжи договорот со Реал Мадрид и во 2018 да пристигне на „Камп Ноу“ како слободен играч.


Шпанецот вчера ги „запали“ социјалните мрежи откако на Твитер објави слика од една дружба со своите пријатели, а на масата имаше брендиран чипс со логото на Барселона.

Иско виде дека направил грешка, па за кратко време ја тргна сликата и постираше нова, но фановите го забележаа тој детал, па фудбалерот мораше да се правда.

„Не одам во Барса. Со сликата само сакав да покажам дека ќе ги „смачкаме“ како чипс. Хала Мадрид”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светскиот шампион од 75 милиони евра најде дом во Мадрид, потпишува за Реал!

Во Мадрид, започнува нова ера, со новиот тренер Хаби Алонсо и забележливо променет состав …