Дома Топ вести „Бомба“ од Форлан: Гризман се сели во Интер!

„Бомба“ од Форлан: Гризман се сели во Интер!

Иднината на Антоан Гризман повторно е главна тема во спортските медиуми, па најверојатно на лето ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Иако во 2018 година го продолжи договорот со „јорганџиите“, медиумите тврдат дека неуспехот во Лигата на шампионите и испаѓањето од Јувентус влијаеле на Гризман кој се одлучил на нов чекор во кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овие денови медиумите го поврзуваа Гризман со неколку европски гиганти, најмногу со Барселона, но легендата на Атлетико, Диего Форлан го откри името на новиот клуб на Французинот.

„Доколку остане во Атлетико може да стане легенда на клубот. Но, јас веќе знам каде ќе ја продолжи кариерата. Интер ќе го купи веднаш штом го продаде Икарди ова лето. Разговарав со директорите и тие ми го кажаа ова“, изјави Форлан за „ЕСПН“, кој во кариерата настапуваше и за Интер.

„Нероаѕурите“ најверојатнио ќе ја искористат ситуацијата што од 1-ви јули неговата клазула во договорот од 200 ќе падне на 120 милиони евра. Сепак, прашање е како Интер ќе си дозволи да ја плаќа неговата плата која изнесува 18 милиони евра по сезона.

Гризман оваа сезона во шпанското првенство на 28 натпревари постигна 12 голови и додаде шест асистенции, додека во Лигата на шампионите на осум одиграни натпревари четири пати се запиша во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…