Дома Фудбал Останато Баерн вчера го доведе најскапото засилување, но денеска пристигна разочарувањето за навивачите

Баерн вчера го доведе најскапото засилување, но денеска пристигна разочарувањето за навивачите

Баерн Минхен вчера го потврди рекордниот трансфер, бидејќи за Французинот Лукас Хернандес на Атлетико му плати 85 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минхенскиот клуб знаеше дека Хернандес пристигна повреден, но очигледно дека не знаеше дека повредата ќе трае подолго отколку што тие мислеа. Кога пристигна на лекарски прегледи, било констатирано дека ќе мора да оди на нова операција на лигаментите од коленото која ќе го оддалечи од тернот најмалку шест месеци.

Потсетуваме, францускиот фудбалер не игра веќе месец и половина, бидејќи ги повреди лигаментите на 9. февруари, а на Баерн очигледно не му претставува проблем тоа што ќе го почека уште неколку месеци. Операцијата е успешно извршена во Австрија и се очекува дека Хернандес ќе закрепне до почетокот од следната сезона.

Да додадеме дека Хернандес потпиша петгодишен договор со Баерн и по сезона ќе заработува дури 13 милиони евра. Тој до крајот на сезоната ќе остане фудбалер на Атлетико, а во Баерн ќе се приклучи на 1. јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…