Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес потврди дека отворила дисциплинска постапка против ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.
Причина за тоа се коментарите на Бразилецот на адреса на видеоасистент судиите од осминафиналниот меч во Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најскапиот фудалер на светот после последниот свиреж на судијата и елиминацијата на неговиот тим преку Инстаграм го искажа својот гнев кон судиите.
„Ова е срамота. Поставувате четворица судии кои не разбираат фудбал и кои се гледаат на снимки. Невозможно! Како човек да ги постави рацете ако е свртен со грб? Еб*те се“, напиша Нејмар после завршувањето на натпреварот.
Neymar didn't hold back. pic.twitter.com/MVWzfT8xJb
— ESPN FC (@ESPNFC) March 7, 2019
Поради ова УЕФА отвори дисциплинска постапка против Нејмар, која ќе одлучува дали фудбалерот ги поминал границите на правилно однесување.
Евентуалната казна за Нејмар ќе биде изречена на 28-ми март, потврдија од УЕФА.