Дома Останати Кошарка Презимето на овој кошаркар е кошмар за секој коментатор (ФОТО)

Презимето на овој кошаркар е кошмар за секој коментатор (ФОТО)

Кога вас некој ќе ви спомене кошарка и државата Руанда, веројатно прво нешто што ви паѓа на памет е што овие две работи не одат заедно.

Секако дека секој кој ќе го помисли тоа е во право, а тоа го докажуваат резултатите на оваа репрезентација. Во последниот натпревар тие беа поразени од


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Средноафриканската Република со 77:69 и така остана без шанси за пласман на Светското првенство во Кина ова лето.

Руанда во 12 натпревари запиша само три победи и девет порази. Сепак, сето ова не е важно за приказната во која главен лик е играчот на Руанда Џин Џек Ншобозвабиосенмукиз (се надеваме дека го погодивме).

Кошаркарот на Руанда веројатно и сами забележивте не е интересен поради своите кошаркарски вештини, туку поради неверојатната должина на неговото презиме.

Ова негово презиме не помина незабележано од страна на кошаркарскиот свет.

Свој коментар на ова хит презиме даде и репрезентативецот на Србија, Владимир Штимац. Штимац го повика коментаторот Слободан Шаренац да го изговори презимето на кошаркарот на Руанда, а Шаренац имаше спремен одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Антиќ се појави во Белград во дрес на Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена звезда се сретнаа во петокот навечер во белградската арена со Олимпи…