Алан Сент-Максиман е голема желба на управата на „Росонерите“.
Крилниот фудбалер игра многу добра сезона во дресот на Ница во Лига 1, па така заврши на радарот на Милан, но и на Борусија Дортмунд. Доколку не успеаат да го ангажираат него, ќе се обидат да го доведат Бразилецот од Греми, Евертон, кој би можел да биде одличен заедно со Пакета.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Друго решение би бил поранешниот играч на оваа екипа, Жерар Делофеу, кој во моментов настапува за Вотфорд. Доколку сите три споменатите опции пропаднат, ќе се свртат кон Симоне Верди од Наполи, кој оваа сезона не се наигра во дресот на клубот од „Сан Паоло“.