Дома Фудбал Останато Реал има генијален план – му нуди трампа на Тотенхем

Реал има генијален план – му нуди трампа на Тотенхем

По заминувањето на Роналдо од Реал во Јувентус, Герет Бејл требаше да ја превземе главната улога во тимот од Мадрид.

Меѓутоа, Велшанецот разочара со игрите во Мадрид и во последно време дури и тешко ги започува натпреварите во стартниот состав со оглед на тоа што Солари повеќе го преферира Винициус Јуниор. Бејл на крајот од минатата сезона сакаше да го напушти Реал, но заминувањето на Роналдо го предомисли, па Велшанецот остана и требаше да биде следниот лидер на Мадриѓаните.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако имаше прилика да се докаже, тој целосно разочара и многумина пишуваа за неговото заминување од клубот оваа зима, но тоа не се случи и Бејл остана во клубот. Шпанскиот весник „Марка“ денеска донесува вест дека Реал на лето ќе го понуди Бејл на Тотенхем како замена за Ериксен. Со оглед на тоа што Бејл играше во Тотенхем шест години пред да се пресели во Реал, многу лесно би можело да дојде до оваа замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибра виден во Лондон – Милано ќе стане централна точка на НБА во Европа!

Со секој изминат ден, сè сме поблиску до решението на идниот НБА проект во Европа, кој би …