Дома Фудбал Останато Нејмар открива: Овој пат е потешко, плачев неколку дена

Нејмар открива: Овој пат е потешко, плачев неколку дена

neymar

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се опоравува во родниот Бразил од повредата на стапалот која ја заработи во натпреварот против Стразбур кон крајот на јануари.

Поради скршеница на метатарзалната коска на стапалото, бразилкиот фудбалер мораше да оди на пауза од терените од два ипол месеци, а иако оваа повреда важи за повреда од тежок карактер одлучено е да не оди на операција.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мирувањето е неопходно, па поради тоа Нејмар на тренерот Томас Тухел нема да му биде на располагање до април.

На бразилскиот волшебник оваа повреда тешку му падна и призна дека неколку дена плачел поради тоа што повторно ќе мора да го пропушти клучниот дел од сезоната.

„Мислам дека оваа повреда е повеќе комплицирана од онаа која ја имав првиот пат“, изјави Нејмар и продолжи:

„Кога првиот пат се повредив си кажав себеси: Одам да се оперирам за да немам проблеми во иднина.Овој пат е поинаку. Неколку дена плачев поради ова што ми се случи“, откри бразилскиот фудбалер.

Сепак и без на ПСЖ му оди добро. Во Лига 1 секако немаат вистинска конкуренција, додека во Лигата на шампионите славеа на првиот натпревар на „Олд Трафорд“ од двомечот со Манчестер Јунајтед (0:2). Според резултатот навистина би требало да се случи чудо за во четвртфиналето да го гледаме англискиот, а не францускиот претставник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…