Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја обележа изминатата година.
Откако што освои Лига на Шампиони, стигна и до финалето на Мундијалот со Хрватска, па според многумина заслужено ја освои најголемата индивидуална награда кога беше прогласен за најдобар фудбалер во светот. Со тоа се согалсува и Златан Ибрахимовиќ.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Среќен сум што Модриќ ја освои титулата најдобар во светот, на Мундијалот и сите тие работи. Ретко можеш да видиш дека таков играч добива пофалби какви што и му припаѓаат“, изјави Ибра.
Се разбира, Швеѓанецот не можеше, а да не потсети дека е „иста крв“ како и Модриќ.
„Мојата мајка е од Хрватска, Модриќ е Хрват, така да среќен сум поради него, бидејќи очигледно тоа ни е во крвта“, додаде Ибра.