Два дена после победата на Реал Мадрид во градското дерби против Атлетико, се уште не запира полемиката за спорните судиски одлуки.
Атлетико Мадрид јавно се пожали на судиските одлуки, бидејќи неколку дускутаблини ситуации беа решени со ВАР технологија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
При една таква ситуавија на Алваро Мората му беше поништен гол поради наводна офсајд ситуација. ВАР покажа дека станува збор за офсајд, но фотографиите оставаат сомнеж.
Според инжениерот Начо Тејадо, кој е анализатор за весникот „АС“, Мората не бил во офсајд при моментот на додавање. Тој разгледуваше два момента – во моментот кога е првиот контакт на ногата со топката и во моментот кога топката „отскокнува“ од ногата.
Во првиот случај Серхио Рамос го покрива офсајдот за цели пет сантиметри, а во вториот, кој е клучен за офсајдот, Рамос е понапред за 3 сантиметри.
3Д графиката покажува дека рамото на Рамос е пред коленото на Мората, па голот за 2:2 требаше да биде признат.
— Atlético de Madrid (@Atleti) February 9, 2019