Арбитражата на вчерашното мадридско дерби предизвика лавина на коментари, па од Атлетико јавно го изразија незадоволството од судињето на Естрада Фернандес.
Симеоне на пресконференцијата не сакаше да го оправдува поразот со судиските одлуки, но Атлетико на својот официјален Твитер профил публикуваше три фотографии со кои покажа дека тимот бил оштетен во три клучни моменти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јорганџиите“ сметаат дека пеналот во полза на Реал е досуден неправедно бидејќи стартот на Хименез над Винисиус е направен надвор од казнетиот простор.
— Atlético de Madrid (@Atleti) February 9, 2019
Втората слика ја илустрира ситуацијата од второто полувреме кога голот на Алваро Мората беше поништен поради офсајд. Меѓутоа на сликата со графика се гледа дека напаѓачот е во линија со Серхио Рамос.
Третата спорна ситуација според Атлетико е недосудениот пенал над Мората бидејќи сметаат дека Каземиро направил фаул над напаѓачот во казнетиот простор.