Дома Фудбал Останато Солскјер призна: Еве од кој тренер копирал неколку акции

Солскјер призна: Еве од кој тренер копирал неколку акции

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер денеска зборуваше на пресконференција за утрешниот натпревар во Премиер лигата против Фулам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвешкиот стратег во таа прилика изјави дека тој и неговите играчи не требаат да бидат задоволни од серијата на добри резултати кои ги направија, туку треба да гледаат само напред. Исто така, ја искористи и приликата за да го пофали италијанскиот стратег на клупата на Фулам, Клаудио Раниери.

„Идеме чекор по чекор. Последните два месеци беа одлични, сега е важно да продолжиме да победуваме. Не треба да бидеме задоволни со она што го направивме. Мораме да бидеме фокусирани на натпреварот против Фулам, мораме да знаеме што во овој момент е важно“.

„Не знам во каква ситуација е Фулам, но она што го покажавме против Лестер потврдува дека се способни. Раниери е некој на кој е восхитував. Неколку негови акции и ги копирав“ изјави Норвежанецот.

Инаку, натпреварот Фулам-Манчестер Јунајтед на распоредот е утре од 13:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најпознатата навивачка на Хрватска ги возбуди сите на натпреварот со Панама (Фото)

Фудбалската репрезентација на Хрватска игра натпревар од второто коло на Светското првенст…