Манчестер Јунајтед веќе неколку години не е оној стариот од кого се плашеа сите екипи, не само во Англија, туку и во цела Европа.
Сепак, по доаѓањето на Норвежанецот Солскјер навивачите барем малку длабоко во себе имаат надеж дека нивниот омилен клуб ќе се врати на старите патеки и повторно ќе владее во светот. Солскјер освен тоа што ги подобри резултатите на клубот, им ја врати насмевката на лицата на фудбалерите кои не беа среќни под водство на Мурињо кој беше отпуштен поради слабите резултати на клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вистински доказ дека Солскјер повеќе му одговара на Манчестер Јунајтед од Мурињо е тоа што Погба сега е навистина одличен. Имено, Погба под водство на Мурињо оваа сезона настапи на 14 натпревари на кои што постигна 3 гола и запиша 3 асистенции. По отказот на Мурињо, Погба настапи на речиси двојно помалку натпревари но имаше подобар ефект, односно постигна 6 гола и запиша четири асистенции.