Дома Фудбал Останато Солари му одговори на Гвардиола: „Реал е најдобар во историјата“

Солари му одговори на Гвардиола: „Реал е најдобар во историјата“

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари смета дека неговиот клуб е најдобар во историајта и дека Пеп Гвардиола направил намерна грешка кога не го ставил клубот во најуспешните во последната деценија.

Гвардиола неодамна истакна дека Барселона, Баерн Минхен и Јувентус ја обележаа претходната деценија, со оглед на тоа што секоја година се бореа за трофеи во домашното и европското натпреварување.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Ми се чини дека тоа намерно го направи. Нема сега да разговараме дали Реал беше најдобар во изминатава деценија, бидејќи станува збор за најдобар клуб на векот, историјата“, изјави тренерот на европскиот шампион.

Реал во четврток го очекува реванш во натпреварот од четвртфиналето во Купот на Кралевите против Жирона. „Кралевскиот клуб“ триумфираше во првиот натпревар со 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Maнчестер Јунајтед во последниот викенд во Премиер лигата ја продолжи лошата форма откако …