Дома Фудбал Останато ФОТО: Составот на играчи чии договори истекуваат на лето изгледа исклучително моќно

ФОТО: Составот на играчи чии договори истекуваат на лето изгледа исклучително моќно

Додека за сите оние фудбалери кои имаат долгогодишни договори со своите клубови и заинтересираните купувачи мроаат да платат оштета, со играчите кои договорот истекува на лето тоа не е случај.

Доволно е, уште сега (бидејќи влегоја во последните шест месеци од договорот) клубовите кои сакаат да ги доведат само да испратат понуда. Ако таа понуда ги задоволи, играчите потпишуваат договор кој стапува на сила на 1. јуни, а до тогаш остануваат во досегашните клубови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За некои играчи веќе со недели се шпекулира како постигнаа договор со своите клубови (Ремзи со Јувентус, Годин со Интер…), но официјални потврди нема, ниту од клубовите, ниту на „Transfermarket“. Листата на играчи кои на лето можат да си заминат без надомест е голема, а медиумите во формација 4-4-2 направија тим чија вредност на трансфер пазарот се проценува на стотина милиони евра.

Идеални 11 чии договори истекуваат на лето:

ГОЛМАН: Вили Кабаљеро (Челзи)

ОДБРАНА: Даниел Алвеш (ПСЖ), Давид Луиз (Челзи), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Филипе Луиз (Атлетико Мадрид)

ИГРАЧИ ЗА ВРСКА: Адриен Рабио (ПСЖ), Арон Ремзи (Арсенал), Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Џејмс Милнер (Ливерпул)

НАПАЃАЧИ: Арјен Робен (Баерн), Оливие Жиру (Челзи).

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо го избрал првото засилување за Леверкузен

Баер Леверкузен зад себе има одлична сезона, но истовремено работи и на засилувањата за сл…