Дома Фудбал Останато „Л’Eкип“ го стресе Париз: Повредата на Нејмар е многу посериозна отколку што се мисли!

„Л’Eкип“ го стресе Париз: Повредата на Нејмар е многу посериозна отколку што се мисли!

Во ПСЖ и понатаму молчат за повредата на нивната прва ѕвезда Нејмар.

Вчера беше објавено дека тој ќе го пропушти двомечот со Манчестер Јунајтед, тоа го потврди и тренерот Томас Тухел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, она што го пренесува „Л’Eкип“ е далеку посериозно. Според реномираниот француски медиум Нејмар се здобил со скршеница на петтата метатарзална коска на десното стапало.

Се наведува и дека ПСЖ молчи затоа што треба да донесе заедничка одлука со федерацијата на Бразил за тоа дали Нејмар ќе оди на операција. Ако тоа се случи сезоната за Нејмар со сигурност завршена.

Во Франција ПСЖ и онака нема конкуренција и без него лесно ќе стигне до титулата, но доколку го изгубат Нејмар до крајот на сезоната ќе имаат голем проблем во Лигата на шампионите која е главна цел на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …