Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода продолжуваат да редат победи во македонското првенство во женска кошарка.
Баделки вчера со голема разлика ја победија екипата на „Струга 2009“, со резултат 66-46. Со оваа
десетта победа досега непоразената и најдобра женска екипа прогласена за 2018 година се задржа на првото место на табелата. Најефикасни кошаркарки од домашната екипа беа Сандра Лазареска
со постигнати 18 поени, Наталија Секуловска со 14 и Сара Петровска со 12.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За големата победа заслужни се и Сања Адамовска 9, Катерина Поп Димитровска 5, Сара Максимовска 2 и Наталија Гаревска 2. Од екипата на „Струга 2009“ на теренот најмногу се истакна капитенот Татјана Стојановска. Судии на натпреварот беа Боро Антовски и Бисера Бикова.
За одбележување на овој натпревар е и тоа што во ростерот беше и повратничката кошаркарка Драгана Јоловиќ која во зимскиот период потпиша договор со екипата на „Бадел“.
Следниот викенд девојките на „Бадел“ во вториот дел од првенството на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК „Работнички“.