Дома Фудбал Останато Кагава: „Шпанија би била најголем предизвик во мојата кариера“

Кагава: „Шпанија би била најголем предизвик во мојата кариера“

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава и понатаму сака да го промени клубот и да си оди во Примера. Клубот од Дортмунд неговата вредност ја проценува на четири милиони евра.

Шинџи Кагава не успеа да се избори за постојана позиција во првиот тим на Дортмунд и оваа сезона одгира само два натрпевари во Бундеслигата и, како што зборуваше и претходно, сака да си оди во некој друг клуб.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Сакам да ја решам ситуацијата во која во моментов се наоѓам. Можеби е добро да го променам клубот и да се пронајдам на ново место со нови предизвици. Не се плашам да одам во друга земја. Веќе играв во Англија и Шпанија, сега размислувам за Шпанија. Шпанија би била најголем предизвик во мојата кареира. Не можам да одам во пензија пред да играм во Примера“, изјави Кагава.

Дали ќе му се исполни желбата останува да видиме, бидејќи за сега конкретни понуди за играчот нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…