Дома Фудбал Останато ПСЖ излезе со официјално соопштение за повредата на Нејмар – можна е нова операција!

ПСЖ излезе со официјално соопштение за повредата на Нејмар – можна е нова операција!

nejmar

Изминатата вечер ПСЖ го победи Стразбур со 2:0 во францускиот куп, сепак победата остана во сенка на повредата на Нејмар.

Нејмар поради незгодното стапнување се пожали на силни болки и со солзи во очите се упати кон соблекувалната.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Неговиот тим сега се огласи со официјално соопштение за повредата, а она поради што најмногу се стравува е што пределот кој сега го повреди Нејмар е истиот на кој му беше извршен хируршки зафат, односно метатарзалната коска.

„После направените прегледи откриена е повреда во петтата метатарзална коска на десната нога. Неговата терапија ќе биде одредена во наредните денови“, стои во соопштението на ПСЖ.

Во ПСЖ не ја исклучуваат можноста да биде потребна нова операција, а во тој случај Нејмар би го пропуштил целиот втор дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Серхио Рамос во изненадувачки трансфер доаѓа во Јувентус?

Бразилскиот стопер на Јувентус, Глисон Бремер (27) ја заврши сезоната поради скинати вкрст…