Дома Фудбал Останато Неофицијални информации: Сала од авионот испратил порака до играч на Нант!?

Неофицијални информации: Сала од авионот испратил порака до играч на Нант!?

Потрагата по авионот кој исчезна заедно со новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала, за денес заврши и истата ќе продолжи утре наутро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите во неговиот неговиот поранешен клуб се во шок, а целиот свет чека нови вести во врска со пронаоѓањето на авионот.

Тренерот на Нант, Вахид Халихоџиќ очекувано беше во шок.

„Вчера беше овде, се поздравуваше со играчите…Сега се случува ова. Свесни сме дека шансите за добри вести се минимални“, изјави Халихоџиќ.

Најнова информација е дека Николас Палиус бил последниот кој добил порака од Сала и тоа се случило непосредно пред исчезнувањето на авионот.

„Возењето е незгодно, се плашам“, наводно стоело во пораката која овој фудбалер ја добил од Сала.

Како и да е овие информации не се потврдени…Додека е така се надеваме на најдоброто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Контроверзија на натпреварот на Аргентина: Легенда тврди дека голот на Меси не требаше да биде важечки

Меси го доведе Аргентина во водство во 38. минута по одлично изведена акција во натпреваро…