Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах овој пат на насловните страни не беше поради добри причини, голови, аситенции, победи…
Салах се најде на удар од медиумите, но и навивачите на останатите тимови во Премиер лигата поради однесувањето на теренот, односно поради тоа што во последните неколку натпревари симулираше што ги налути сите навивачи.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Така и во колумна на „Times“, поранешниот напаѓач на Челзи, Тони Каскарино истакна дека тоа го работи поради преголема желба за титула.
„Можеби е тоа поради притисокот кој го имаат играчите на Ливерпул во мислата за освојување на трофејот оваа сезона, а Салах не е прво име на таа листа, многумина сакаат да лажат за да победат. Роналдо тоа го работи, а неговата кариера одеше само напред“, напиша Каскарино.