Дома Останати Ракомет Сензација на СП: Бразил ја шокираше Хрватска и стигна до најголемата победа во ракометната историја!

Сензација на СП: Бразил ја шокираше Хрватска и стигна до најголемата победа во ракометната историја!

Денес на ракометното Светско првенство го видовме најголемото изненадување!

Бразил ја запиша најголемата победа во својата историја и ја победи Хрватска со 29:26.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Червар започна со напад „шест на шест“, но брзо се одлучи да промени во „седум на шест“, тоа им го отвори патот на „Кариоките“ кои постигнаа пет гола на празна мрежа во првиот дел.

Бразил стигна до предност од 12:6, Хрватите успеаа резултатски да се вратат, но сепак во финишот следуваше нова серија на Бразилците кои на пауза заминаа со 17:13.
Предност од 5 и 6 гола разлика Бразил ја чуваше до 51-та минута кога избраниците на Червар намалија на 26:25. Во тие моменти Бразил остана со играч помалку и на два пати направи пробивање.

Толедо беше тука да не дозволи голем пресврт на Хрватска и постигна супер важен за својата селекција за 28:26.

Лангаро со осум гола беше најефикасен кај Бразил, додека на другата страна Штрлек и Дувњак имаа по пет погодоци.

Утре Бразил го очекува натпревар против Шпанија, додека Хрватска ќе се сретне со Германија. Треба да се истакне дека ова се првите бодови на Бразилците во новата група, а до нив стигнаа со најголемата победа во својата ракометна историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…