Дома Фудбал Останато Се уште е на цена: Мурињо добил три понуди после отказот во Јунајтед!

Се уште е на цена: Мурињо добил три понуди после отказот во Јунајтед!

Жозе Мурињо во декември доби отказ од кормилото на Манчестер Јунајтед, но по се изгледа нема долго да остане без работа.

„Специјалниот“ се уште припаѓа на самиот тренерски врв, па откри дека после заминувањето од „Олд Трафорд“ веќе одбил три понуди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Среќен сум со овие неколку недели, среќен сум со искуството и сега ќе можам да направам анализи кои нормално не можев да ги направам. Но, јас се познавам самиот себе и знам дека до крајот на март ќе се мачам со мојата среќа“.

„Ќе ги анализирам работите. Веќе одбив три понуди затоа што не чувствував дека се тоа што јас сакам. Сакам да бидам миран и да имам повеќе време за подобро да се подготвам“, откри Мурињо во интервју за „БеИн Спортс“.

Медиумите веќе открија дека добил понуда од Бенфика, а силно се шпекулира дека Реал Мадрид и ПСЖ го сакаат Португалецот во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…