Дома Фудбал Останато Погба се препороди: Бев во сенка…

Погба се препороди: Бев во сенка…

Пол Погба игра како препороден откако Жозе Мурињо го напушти Манчестер Јунајтед.

Овој француски фудбалер за време на ерата на Мурињо на „Олд Трафорд“ постојано беше изложен на големи критики поради слабите игри, во неколку наврати се најде и на клупата, меѓутоа денеска тоа е – минато.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Колку добро му оди на Манчестер Јунајтед под водство на новиот тренер, толку и на самиот Погба кој постигна четири гола откако што Мурињо доби отказ, а во декември беше прогласен и за играч на месецот. Конечно личи на играч од 100 милиони евра…

„Пред доаѓањето на Солскајер бев во сенка и седев на клупа. Со тоа се променив, но сега ми е мило што можам повторно да играм. Сега секогаш се смеам. Солскајер навистина добро работи. Беше играч на Манчестер Јунајтед и го знае добро менталитетот на овој клуб. Се врати за да ни помогне и тоа многу добро го работи“, изјави Погба.

Манчестер Јунајтед во моментов во Премиер лигата го завзема шестото место со 41 бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…