Германскиот репрезентативец, Месу Озил оваа сезона не се наигра во дресот на Арсенал, бидејќи има голем проблем со повредите.
Озил пропушти поголем дел од сезоната поради проблем со повредите, но и со тренерот. Англиските медиуми во неколку наврати објавија дека Емери и Озил немаат добар однос и дека понекогаш приказните дека Озил е повреден се само обид да се скрие вистинската ситуација.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Германецот не игра од декември минатата година и не е познато кога ќе се врати на теренот иако редовно тренира со екипата. Наводно, Емери е подготен дури и да го пушти Озил да го напушти Арсенал овој јануари со што би го олеснил буџетот на клубот и би можел да доведе засилувања.
Според вестите од Англија, шпанскиот стратег веќе го понудил Озил на италијанските клубови, а станува збор за Интер и Јувентус. Интер минатото лето се поврзуваше со Озил и сигурно дека ќе направи се за да го доведе. Емери има намера од заработените пари да доведе фудбалер по свој вкус, а на листата е играчот на Реал, Иско.
Озил е далеку најплатен фудбалер на Арсенал, бидејќи неделно заработува 350,000 фунти и јасно е зошто и не му се оди од овој клуб. Јувентус веќе го доведе Рамзи и Озил не им е интересен, додека за Емери единствен спас би можел да биде Интер.