Повеќе од 10 години го чекаше Џермејн Дефо медалот кој своевремено го освои со Тотенхем.
Три пати во текот на богатата кариера Џермејн Дефо го носеше дресот на Тотенхем, а веќе после првиот му беше нанесена голема неправда која денес конечно беше исправена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во сезоната 2007/2008 Тотенхем го освои трофејот во Лига купот со победата над Челзи. Дефо финалето го гледаше како член на Портсмунт каде што премина еден месец претходно, поради тој трансфер остана без медал.
„Среќен сум што дадов свој допринос за момците да стигнат до финалето. Потоа беше убаво да се опуштам и да гледам како освојуваат трофејот“, изјави Дефо потсетувајќи се на 2008 година.
Неправдата конечно беше исправена. Претставниците на натпреварувањето го посетија на тренингот на Бурнемоут и на Дефо му го доделија медалот кој му припаѓа.
Интересно е дека споменатиот Лига куп во 2007/2008 година е единствениот трофеј кој Дефо го освоил иако повеќе од 20 години настапува во Премиер лигата.
Од 1999 година Џермејн Дефо го носеше дресот на Вест Хем, Бурнемоут, Тотенхем, Портсмунт и Сандерленд.
? Ten years on from helping @SpursOfficial to #EFL Cup glory at Wembley, @IAmJermainDefoe has received his winner's medal.
? Not a bad Christmas present, eh!
? https://t.co/02azhWoGPn pic.twitter.com/V6S7S7B1Xa
— EFL (@EFL) December 24, 2018