Дома Фудбал Возможно ли е да се опише Меси со еден збор?

Возможно ли е да се опише Меси со еден збор?

Лионел Меси вчера повторно го воодушеви фудбалскиот свет и одигра чудесен натпревар во победата на Барселона над Леванте од 5:0.

Каталонскиот клуб на гостински терен славеше убедлива победа, а уште еднаш над сите беше Меси. Аргентинецот учествуваше во сите пет погодоци на својот тим, а самиот постигна три од нив, додаде уште две асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона после натпреварот се огласи на Твитер со интересна објава.

Каталонците порачаа дека би ги прашале навивачите како да се опише Меси со еден збор, но сметаат дека тоа едноставно невозможно.

„Би ве прашале вас да го опишете овој човек користејќи еден збор, меѓутоа не можеме да ве прашаме нешто што е невозможнп. Не постои збор со кој Меси може да се опише“, порача Барса преку својот Твитер профил.

https://www.youtube.com/watch?v=0cLhjcAyYdc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гана се раздели со селекторот 72 дена пред Мундијалот

Гана го отпушти селекторот Отто Ада само 72 дена пред почетокот на Светското првенство 202…