Дома Фудбал Легендата на Арсенал за Дембеле: Би го избрал пред Нејмар, таков потенцијал се уште не сум видел

Легендата на Арсенал за Дембеле: Би го избрал пред Нејмар, таков потенцијал се уште не сум видел

dembele

Иако имаше проблеми со дисциплината Осман Дембеле оваа сезона покажа дека Барселона и тоа како може да смета на него.

Каталонците пред една година платија скоро 140 милиони евра за овој играч, а Дембеле започна да прикажува резултати на теренот. Сепак, дисциплината е не што на кое ќе мора да поработи бидејќи често доцни на тренинзите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дембеле во Барселона пристигна како замена за Нејмар кој направи трансфер во ПСЖ.

Интересна изјава сега даде поранешниот играч на Арсенал, Роберт Пирес кој порача дека секогаш во својот тим би го избрал Дембеле пред Нејмар.

„Секогаш зборуваме за Меси, но ова момче е навистина одличен играч. Млад и прави некои работи во склад со неговите години. Доколку се посвети на кариерата сигурен сум дека далеку ќе стигне. Против Еспањол и Тотенхем покажа дека има голем потенцијал. Доколку би морал да бирам, би го избрал пред Нејмар. Има 21 година, игра со двете нози и е страшно брз. Таков потенцијал се уште не сум видел“, изјави Пирес.

https://www.youtube.com/watch?v=TuNAErXYWVo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…