Дома Топ вести Модриќ му постави ултиматум на Флорентино Перез

Модриќ му постави ултиматум на Флорентино Перез

Шпанските медиуми пренсуваат дека најдобриот фудбалер на светот, Лука Модриќ набрзо ќе го напушти Реал Мадрид.

Модриќ одбил да потпише нов договор до јуни 2022 година, а актуелниот му истекува во јуни 2020 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Претседателот на Реал му понуди подолг договор со истите услови, односно годишна заработка од 8 милиони евра по сезона. Меѓутоа, Модриќ го одби и бара плата од 10 милиони евра! За сега нема договор и најверојатно нема ни да има“, напиша доброинформираниот новинар Едуардо Инда.

Потсетуваме, Интер ова лето силно го посакуваше Модриќ и му понуди плата од 10 милиони евра годишно, но Реал не го пушти и му вети нов договор.

Модриќ е разочаран што претседателот Флорентино Перез не го одржал ветувањето, па на лето готово сигурно ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…