Дома Македонски спорт Мак фудбал Изберете ги најдобрите во македонскиот фудбал!

Изберете ги најдобрите во македонскиот фудбал!

mak fudbal

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кон крајот на овој месец ќе ги додели наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за годината која изминува.

Од денес љубителите на македонскиот фудбал можат својот глас да го дадат на официјалната страна на фудбалската федерација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемо внимание привлече играчот Љупчо Дориев од Академија Пандев. Пандевци минатата сезона едвај се спасија и за четири бода избегнаа бараж, но и покрај тоа ќе имаат свој претставник. Покрај Дориев тука се имињата на Бесарт Ибраими кој беше најдобар стрелец и репрезентативецот Висар Муслиу.

Во младинските категории номинирани се Енис Фазлагиќ и Арбин Зејнулаи од Шкендија и Бојан Колевски од Вардар кој оваа есен го носи дресот на второлигашот Борец.

За овие две категории, како и за уште неколку (најдобра фудбалерка, најдобар тренер во женскиот фудбал, најдобар футсал играч, најдобар футсал тренер, најдобар младински тренер) можете да гласате на официјалната страна на ФФМ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…