Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не сака на сила да го задржува во клубот младиот талент Брахим Дијаз.
Дијаз го покажа својот талент и за првиот тим на „граѓаните“, но проблем е што договорот му истекува на крајот на сезоната, а не сака да стави потпис на нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Академијата треба да биде многу горда. Ситуацијата е едноставна: ние го сакаме и сакаме да потпише нов долгорочен договор и ќе направиме се што е во наша моќ за да остане. Меѓутоа, се е во негови раце. Ако не сака да остане, тогаш нека си оди“, јасен беше Гвардиола.
Каталонскиот стратег потоа проговори за ситуацијата со повредни играчи пред мечот со Бурнмаут утре.
„Мислам дека Де Брујне уште не е спремен, но ќе биде за брзо. Жесус е опоравен. Сега доаѓа најважниот период од сезоната и мораме да бидеме сконцентрирани да продолжиме во истиот ритам“, заклучи Гвардиола.