Дома Фудбал Останато Судот во Загреб донесе одлука за обвинувањата кон Модриќ

Судот во Загреб донесе одлука за обвинувањата кон Модриќ

Лука Модриќ нема да одговара за лажно сведочење.

Како што дознаваат хрватските медиуми, постапката на судот против Лука Модриќ е запрена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Општинскиот суд во Загреб оваа година ја отфрли тужбата против Модриќ, но обвинителството испрати жалба. Сега против оваа одлука не постои можност за испраќање на нова жалба.

Играчот за врска на Реал Мадрид се обвинуваше дека на судењето за Здравко Мамиќ не ја зборувал вистината и давал лажни изјави во корист на првиот човек на Динамо.

Мамиќ подоцна беше осуден на затворска казна од шест ипол години, но ја напушти Хрватска и замина во Босна каде што се уште се наоѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија го искористи киксот на Вардар во Гостивар – трката за титулата сега е израмнета! (Видео)

Со комплетирањето на денешните два натпревари во Првата лига, трката за титулата доби нов …