Пред фудбалерите на ПСЖ е голем предизвик во Лигата на шампионите и лесно може да се случи овој клуб да не се пласира во нокаут фазата од ова натпреварување.
ПСЖ веќе во наредната среда пред своите навивачи игра против Ливерпул и јасно е дека во овој натпревар им е потребна победа. Не е невозможно ПСЖ да се прости од најелитното европско натпреварување уште во групната фаза, што за овој клуб би било еднакво на катастрофа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На натпреварите за своите репрезентации се повредија Нејмар и Килијан Мбапе кои порано ги завршија натпреварите. Нејмар ја повреди препоната и натпреварот помеѓу Бразил и Камерун го заврши во осмата минута. Мбапе пак во 36-тата минута го напушти натпреварот помеѓу Франција и Уругвај.
ПСЖ вчера официјално потврди дека фудбалерите се повредени, но повеќе информации не открија и најавија дека работите ќе бидат познати во наредните 48 часа.
Ќе биде навистина лошо за „светците“ доколку во важниот натпревар против Ливерпул бидат без двете најголеми ѕвезди.
Point médical – @neymarjr et @KMbappe
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) November 21, 2018