Дома Фудбал Останато МОЖЕ ЛИ МЕСИ ДА ГО СЛЕДИ: Роналдо на чекор од влегување во историјата, напаѓа 5 рекорди!

МОЖЕ ЛИ МЕСИ ДА ГО СЛЕДИ: Роналдо на чекор од влегување во историјата, напаѓа 5 рекорди!

ronaldo

Португалецот е на рабоат да влезе во историјата. На ова, најголемиот ривал може само да му завидува – Роналдо напаѓа 5 рекорди!

Кристиано Роналдо минатото лето по деветгодишната лојалност кон Реал Мадрид во трансфер вреден 117 милони евра потпиша четиригодишен договор со Јувентус. Во досегашните 15 натпревари во сите натпреварувања постигна девет гола и запиша шест асистенции. Доколку му се насмее среќата, португалската ѕвезда до крајот на сезоната би можел да постигне неколку големи рекорди.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Доколку продолжи со овој голгетерски ритам, Роналдо може да стане првиот играч на Јувентус со најмногу гола во една сезона. Сегашниот клупски рекорд е стар 92 години, односно рекордот на Ференц Хирзер, Унгарецот кој во 26 натпревари во сезоната 1925/26 постигна 35 гола.

Во исто време, Кристиано Роналдо може да стане најефикасниот голгетер во една сезона во Серија А. Актуелни рекордери се Гино Розети (Торино, 1928/29) и Гонзало Игуаин (Наполи, 2015./16) со 36 постигнати гола. Доколку ја освои наградата за најдобар голгетер во италијанското првенство, Португалецот ќе стане првиот фудбалер кој некогаш во фудбалската историја освоил титула најдобар стрелец во Премиер лигата, Ла Лига и Серија А.

Јувентус во предсезоната на тековната сезона најави поход кон Лигата на Шампионите, трета во клупската историја по 1985. година и 1996. година. Доколку успее, откако што во финалињата загуби дури седум пати (1973., 1983., 1997., 1998., 2003., 2015., 2017.), ќе успее да се качи на врвот на Европа.

Кристиано Роналдо ќе ја освои Лигата на Шампионите со трет различен клуб, што во досегашната историја му успеа само на Кларенс Сидорф со Ајакс, Реал Мадрид и Милан.

На крајот, доколку продолжи доминацијата на Јувентус и осма последователна сезона, Роналдо ќе се запише во фудбалската историја како прв играч кој националните шампионски титули ги освоил во Англија, Шпанија и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …